ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Вторник Ноќ со Фолтин – среда концерт на The Hounds.

1.438

Јавен Простор Прилеп утре, вторник, во 20 ч. го организра следниот градски настан, концертот на групата Фолтин, која многумина  ја сметаат за своја/наша. Концертот ќе се одржи во задниот двор од Театарот “Војдан Чернодрински”

„Концертот е  посветен на прилепско–битолската љубов која трае многу години и го правиме за вистинските фанови на Фолтин. Знаеме дека просторот е ограничен, но сигурни сме дека ќе ги прими верните фанови и заитересираните граѓани. Комшиски концерт, комшиска услуга„ -велат од  Јавен Простор Прилеп

Музичкиот јазик на „Фолтин“ е фонетска имитација на јазици, како што се: шпански, француски, португалски, романски, таканаречен „спонтан eсперанто“ итн. „Фолтин“ себеси се опишуваат како псевдоемигрантско кабаре, и често нивните концерти се претвораат во вистински перформанси.

Среда, пак , во старата чаршија групата The Hounds ќе  одржи концерт и со тоа ќе то прослави својот 10 годишен роденден. На концертот групата  ќе го промовира и првиот албум „Кај ни се срцата?“.

„Еден од оние моменти кога се има вистинска причина сите да се собереме на едно место…„- велат од  Јавен Простор Прилеп

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе