ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Нов вид пиперки на прилепскиот градски пазар

1.188

Пазарните денови во Прилеп, среда и сабота се навистина посебни, поинакви, побогати во споредба со останатите. Градот живее со побрзо темпо, а пазарот е посетен од продавачи и купувачи од сите места во Македонија. Тезгите: тежат и лежат од се и сешто, од чај до расад за тутун, јаболка, јагоди, до најквалитетното сирење или мед што само тука може да се најде и никаде на друго место!
Но, за да се привлече вниманието на купувачите при таква богата понуда, потребно е човек да биде досетлив за да успее и да го продаде она што го произвел .
Таков е примерот со пиперките кои беа денеска понудени на градскиот пазар…ти се чини некој нов вид, што носи посебно задоволство „ЛУТИ КАКО СВЕКРВА“ стоеше на тезгата која зрачеше со здравје.
Несомнено, јасно е колку се лути, иако тоа сепак зависи од вкусот, но и од очекувања на снаата која ги купува!!! Најважно е што предизвикува внимание, а во трговијата тоа е чекор пред останатите конкуренти!
Во секој случај, досетливо и зајадливо за луто – кусците, гурмани, и за љубителите на луто?!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: