ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Нова цена на струјата, се укинува евтината дневна тарифа

474

Позната е конечната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за цената на електрична енергија, што ќе биде со важност од 1 јануари следната година. Цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 9,48 проценти, а од 1 јануари се укинува и дневната евтина тарифа. Според Марко Бислимоски, претседател на РКЕ, евтината тарифа во текот на ноќта и во недела остануваат и никогаш не биле доведени во прашање, а доколку не се укине дневната евтина тарифа од 14-16 часот, цената на струјата ќе требаше да се зголеми за 14,23 отсто. Како што соопшти претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, рестрикциите не се опција. На вчерашната подготвителна седница беа претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба. Се чекаа и забелешките од енергетските компаниии, кои ќе бидат разгледани на главната седница и ќе биде донесена конечната одлука.

Новата цена на струјата за корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година. Сите енергетски компании веќе побараа зголемување на цената.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: