ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од денеска лек само со лична карта!?Се коси ли тоа со Законот за заштита на лични податоци?!

566

Oд денеска доколку сакате да добиете лек што ви е препишан на рецепт мора да поседувате документ за лична идентификација. Исто така отсега секој лек би требало да го има во текот на целиот месец.

Се укинуваат квотите за лековите и се воведува нов електронски систем во кој ќе се регистрираат граѓаните кои подигнале лек на рецепт.

Осигурениците  од денеска ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

Тоа би значело дека болните лица ќе мораат сами да одат до аптека да ги подигнат потребните лекарства, односно во нивно име нема да може никој да ги подигне.

Што е добор ,што е спорно?!

За министерот за здравство Венко Филипче, со оваа мерка која е дел од реформите за подобрување на здравствените услуги, нема да има повеќе турканици и нетрпение, нема потреба граѓаните да создаваат домашни аптеки во страв да не останат без потребните лекови.

Фармацевтската комора на Македонија,пак,  не ја поддржа оваа одлуката на Фондот за здравство, лекови издадени на рецепт, од аптека да се подигнуваат само лична карта или со пасош.
Велат дека тоа ќе создаде хаос во аптеките и нема да придонесе за контролата која сака да ја прави здравствениот фонд.
-Се поставува прашањето, дали сме смееме да им бараме лична карта или пасош на пациентите или лицата кои сакаат да земат лек во име на пациент. – велат фармацевтите

Новиот електронски систем на издавање лекови почна да се спроведува како пилот – проект во туристичите места во земјава за време на летниот период (во Охрид, Струга, Гевгелија, Ресен и Дојран), пред да влезе во вторава фаза со опфат на целата држава.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: