СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

„Од млади за млади“ прашаа: Како локалните новинари доаѓаат до информации?! Како ги селектираат? Колку им веруваат на информациите кои ги добиваат?!

266

Со цел унапредување на знаењата за медиумската и информациската писменост кај младата популација, особено во руралните средини, во младинската емисија на радио Пела,   „Од млади за млади“,  младиот  водител, Христијан Пусоски, разговараше со новинарите Дарко Штаргоски,

уредник на локалниот портал Инфо компас и дописник од Прилеп за ТВ Сител и долгогодишниот новинар на МРТ, дописник од Прилеп, Елизабета Митреска,  на тема „Пловење низ медиумската писменост“ . Тој се интересираше како локалните новинари, дописници за медиумските национални куќи  ги „наоѓаат“ вестите? Како доаѓаат до информациите? Колку им веруваат на информациите кои ги добиваат за  креирање на вест? Како одлучувате, токму, таа вест да биде споделена во јавност?!

“Што е улогата на еден новинар? Колку е важна оваа професија во локалната заедница? Ова го прашувам бидејќи сега луѓето, особено ние младите, се информираме главно, преку социјалните мрежи“-  ги праша Пусоски прилепските новинари, гости во емисијата „Од млади за млади“ во рамките на проектот „Учење за медиумите од најмала возраст“

 

Активноста на радио Пела е во рамките на проектот  „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан„ кој го спровeдува Македонскиот институт за медиуми и Албани асошиејтс заедно со регионални организации за развој на медиумите.  Проектот е финансиран од Британската влада.

 

 

 

 

 

 

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе