ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Одложена еко акцијата за чистење кај Селце

677

Метеоролошките најави дека утре недела, на 4 ти април се очекуваат врнежи од дожд беше причина што е одложена втората акција „Да си го исчистиме градот“ која требаше да се одржи на локацијата Селце, кај манастирот „Свети Димитриј“ од 12 до 15 часот. Организаторот најавува за наредната недела доколку дозволат временските прилики еко акцијата ќе се збогати и со засадување на дрвца. Во секој случај еко активистите не мируваат, интересот да се даде свој придонес за почист град и здрава животна средина продолжуваат.

Иницијативата е идеја на Виктор Петроски, еко активист кој што ги поттикна прилепчани да излезат и да се вклучат за почист град, а со тоа да ја подигнат свеста кај своите сограѓани да се грижат за Прилеп. Првата акција која што беше многу успешнаи имаше голем оддек кај јавноста со поддршка, се одржа минатата недела кога 50 тина прилепчани чистеа на падините на Маркукуле.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: