ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Слики од болницата!

987

ОК на ВМРО-ДПМНЕ -Прилеп го повикува надлежниот инспекторат да утврди дали прилепската болница постапува согласно Правилник за начинот на постапување со медицински отпад. Тие во допис до медиумите посочија:

Сцена како од ХОРОР филм! Загрижени граѓани ни испратија слики од прилепската болница кои покажуваат во каква состојба истата се наоѓа. Што се случува? Ќе одговори ли некој или менаџментот ќе продолжи да спие? Прилеп турка црни рекорди како по бројот на заразени, така и по бројот на починати. Медицинскиот персонал, доктори и сестри се преморени во оваа битка со ковид и мака мачат со последни сили да го заштитат здравјето на граѓаните, а некој воопшто не се грижи за ништо! Го повикуваме надлежниот инспекторат да утврди дали се постапува согласно Правилник за начинот на постапување со медицински отпад, како и начинот на пакување и обележување на медицинскиот отпад. Здравјето на граѓаните мора да е на прво место!-се обратија до нашата редакција од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: