ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Продолжува откупот на тутун, министерот во Прилеп – прашања и одговори

1.145

По донесените законски измени, се овозможи да продолжи откупот на тутун од ланската реколта. Денеска во посета на прилепско и долненско беше ресорниот министер Арјанит Хоџа кој оствари средба со директорот на Тутунски Комбинат Кире Станкоски и со претставници од Сојузот на земјоделски здруженија. Прес конферцијата ја пренесуваме во целост со сите прашања и одговори упатени од новинарите до министерот Хоџа:

– Денеска почнуваме со откупот на вишок на тутун, согласно направените измени во Законот, со тоа што се помести рокот до 31.03. 2021. Тука сме во Тутунски Комбинат Прилеп каде што државата е со мнозински капитал. Нормално е дека се обидуваме да изнајдеме најдобро можно решение без при тоа да нарушиме финансискиот добар резултат на Тутунскиот Комбинат. Се договоривме со директорот на Тутунски но, и во комуникација со останатите комбинати дека ќе се отварат пунктови на одредени места каде што е пријавено дека има вишок на тутун и врз основа на тоа очекуваме дека до крајот на следната недела да се заврши откупот на вишок на тутун. За деталјите, динамиката останато е самите компании да утврдуваат каде ќе почнат. Сме ги дале сите податоци и ние како министерство и Сојузот на земјоделци, така што очекуваме дека ќе се изнајде решение и нема да оставиме ниту еден килограм тутун што е произведен во домовите на производителите.

Кои компании ќе откупуваат?

– Моментално сите компании искажаа интерес, без да сакам да навлегувам во деталји за количините, но нормално поголемата количина ќе се откупи од страна на Тутунскиот Комбинат. Оставивме отворен простор за да видиме какви мерки ќе преземе Владата во делот на финансискиот дел бидејќи не знаеме кога тој тутун би се продал, капацитетите се полни. Кажувам уште еднаш дека во ниту еден случај нема да дозволиме финансискиот биланс на Тутунски Комбинат да се влоши заради оваа ситуација. Значи се’ што преземаме ние како држава ќе преземаме, а Тутунски Комбинат ќе биде механизмот за тоа да се реализира.

Кои компании денеска отворија?

Знам дека и од вчера се откупува, во Радовиш, во долненско се откупува, во Крушево, во Прилеп, значи на одредени пунктови. Но, реално сите чекаа изјава од страна  на министерството, односно, ваков тип на изјава и мое присуство тука во Прилеп, за да се утврди динамика за да се откупи поголема количина и со поголем интензитет и со тоа да се изнајде најбрзо можно решение.

Проблем е амбалажата, тутунарите немаат амбалажа за пакување?

– Генерално сите што кажаа дека ќе откупуваат вишок на произведен тутун обезбедиле амбалажа. Ја следиме ситуацијата, доколку има потреба и од интервенција ќе реагираме и ќе изнајдеме решение.

Разговаравте со Турција, дали има нешто со тоа?

– Апсолутно, има турска компанија што веќе оперира тука, се запознаени, се запознаени и од турската Влада, односно министерството таму со нив, и реално и тие ќе бидат вклучени во откупот на тутун и ќе помогнат во оваа ситуација.

Здруженијата кои што протестираат деновиве бараат промена на правилникот и да не се намалуваат количествата што ќе бидат со новата реколта, односно, да биде исто како лани, а не да се ограничуваат, велат до 20/21 илјада тони?

Значи како прво: тие што протестираа, јас на неколку наврати сум му кажувал во периодот на месец јануари, настана оваа ситуација. Да немаше протести и запирање на откуп немаше да има потреба за вакви дополнителни нарушувања на целиот процес и при тоа сега да се размисли за вакви инцидентни чекори што нормално нарушуваат цел процес. Реално гледано овој е вишок произведен тутун надвор од договореното. Значи да се има пласман не е никаков проблем и компаниите би дозволиле производство повеќе од тоа што договарале. Кога компаниите договораат производство, значи договараат за тоа што ќе се откупи. Реално, ако сите се придржуваат на договорите, а тоа е мојот апел до сите и ќе биде постојано и низ цела година, нема да има проблем, ни со цена ни со откуп, ни со вакви ситуации што се занимаваме цела година. Сум кажал просто математички: можат да произведуваат двојно помалку, а ќе добиваат просечна цена двојно поголема од ова што е сега, заради тоа што се знае дека намалувањето на производството носи до балансирање на побарувачката и понудата. Заради тоа јас апелирам – да се придржуваат на тоа што откупните центри им ги даваат како договори, бидејќи само така може да се реши оваа работа. Се’ што е надвор од договорено производство, верувајте дека ќе ги имаме сите проблеми, а со вакви проблеми веќе ќе почнат да губат интерес и странски инвеститори за да може да опстојат во оваа гранка и да работат во нашата држава.

Дали имате веќе договорено состанок за измени во Правилникот и правилата за откуп, бидејќи паралелно веќе и договорите се прават?

Значи договорите сега се прават. Имаше апел од страна  на здруженијата да не се прават договори, но тоа не се стопира, бидејќи реално многу производители веќе прават договори. И не можеме ние да навлегуваме во тоа. Сигурно дека ќе има измени во правилникот, но ќе бидат договорени и со откупувачите и со производителите. Но, тоа не тема на разговор сега кога сеуште има вишок на тутун а зборуваме за околу 1 милион и 500 илјади кгр што се генерално низ цела држава, но повеќе сме фокусирани во општина Долнени и во радовишко.

Дел од тутунарите кои склучувале договори обвинуваат дека некои компании, ги терале да потпишуваат со 30% одбиток, или не им склучувале договори ако повикале Второстепена комисија?

– Одбитокот се утврдува на лице место. Не може да се пишува договор со одбиток. Што се однесува за второстепена комисија, значи јас сум му кажал и на претседателот на Сојузот и на другите инволвирани страни, да подготват списоци на луѓе на кои не им се продолжува договор заради таа причина, јас лично ќе комуницирам со сите откупувачи тоа што го ветив ќе биде исполнето- тие мора да го имаат истиот договор како ланската година и не треба да бидат пенализирани само затоа што свикале второстепена комисија. Но, нормално доколку таа комисија утврдила дека имало нерегуларности.   

Претседателот на Сојузот, Менде Стомнароски изјави :

Сакам да изјавам една голема благодарност до министерството за земјоделство и Владата затоа шпто излезе во пресрет да изнајде начин за да се откупи вишокот на тутун и мислам дека еве денеска почнуваат да се отвораат пунктови да се зема тој вишок на тутун. Од утре до понеделник и останатите компании кои нема да почнат денеска ќе ги отворат пунктови и мислам дека ќе биде откупен сиот вишок тутун.

Колку пунктови се отворени, дали имате бројка?

Моментално денеска ќе бидат отворени 14 пунктови, а очекуваме од утре да бидат отворени и останатите компании што значи дека бројката ќе биде зголемена в понеделник и мислам дека во продолжениот законски рок ќе биде дооткупен сиот тутун. Отворени се 10 пунктови од Тутунски Комбинат, 3 пунктови се отворени од Секе и 1 пункт од Кавекс Неготино. Поголемиот дел се отворени во долненска општина, во Крушево и во Радовиш еден пункт.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: