ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП: КОЛКУ Е БЕЗБЕДНА ПРИЛЕПСКАТА МОДУЛАРНА БОЛНИЦА?

792

Јавноста бара одговори за трагедијата  во Тетово, но и колку е безбедна модуларната болница во Прилеп, посочија денеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ :
” На 9 септември, ден после трагичниот настан во Тетово, ВМРО ДПМНЕ Прилеп уредно достави барање за пристап до информации од јавен карактер до градската болница “Борка Талески” Прилеп во кое побара да се обезбеди одговор на следните суштински прашања поврзани со безбедноста на модуларната болница:
1.Дали постои технички прием на модуларната болница, кога е извршен приемот и доколку постои технички прием истиот да се достави на увид?
2.Дали постои план за заштита и спасување од пожар, експлозии и опасни материи и доколку постои да се достави на увид?
3.Колкав број на противпожарни апарати има во модуларната болница?
4.Целокупна писмена документација поврзана со спецификацијата на противпожарните апарати вклучително и договор за нивна набавка.
5.Дали во модуларната болница има инсталирано детектори за чад, детектори за гасови и протипожарен аларм?
6.Дали при градбата има документирани записници за технички забелешки, и доколу да кои се тие забелешки и дали е постапено по истите?
Од денот на поднесувањето до денес одговор не добивме иако согласно Член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот.а најмногу во рок од 20 дена од приемот на барањето.
Со ова се отвара основано сомнение дека се направени голем број суштински и безбедносни пропусти при изградбата, приемот и менаџирањето на модуларната болница и на ризик се изложени пациентите и персоналот во истата.
Јавно ги повикуваме сите надлежни институции детално и крајно сериозно да ги испитаат погоре наведените сомневања и да спречат повторување на уште една несакана трагедија.
Прилеп е град со највисока стапка на смртност во Македонија. 450 Прилепчани починаа од Ковид, а Македонија е прва во Европа по смртност.
Овие трагични бројки се неуспех на владата и локалната власт на СДСМ добро да ја менаџираат кризата. Коцкањето со човечки животи мора да запре веднаш”, беше истакнато на прес конференцијата од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

https://www.facebook.com/okprilep/videos/225612829598288

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: