ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Општина Могила слави 22 години од своето постоење

715

По повод 22 години од формирањето на Општина Могила, градоначалникот на oпштината Јасмина Гулевска, советниците и вработените од општина Могила заедно со вработените во ЈКП „Пела Хигиена“ и претседателите на месните заедници како и пензионерското друшво од општината денеска положија свежо цвеќе на спомениците Димче Могилчето, Захарија Шумљанска, Парашкев Цветков и Иљо Лопатички.
Одбележувањето продолжи со пресекување на торта и одржување на свечена седница на Советот на Општина Могила.
„Општина Могила денеска слави 22 години од своето постоење. Како градоначалник на Општина Могила, морам да кажам дека нашата општина по 22 години од основањето е многу поблиску до европските стандарди.
Со почетокот на мојот мандат започнавме со инфраструктурни проекти за изградба на патишта, израмнување на полските патишта, нови краци за водовод и канализација. Економскиот развој на општина Могила и понатаму ќе продолжи со несмалено темпо, а со тоа и инвестициите во инфраструктурата и подобрувањето на условите за живот.
Како локална самоуправа на граѓаните ќе им понудиме поуспешна општина во која ќе се чувствуваат попријатно и ќе ги задоволуваат своите животни потреби поефикасно, изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на Општина Могила.
По повод Денот на Општина Могила, вечерва со почеток во 20.00 часот пред Платото на општинската зграда ќе се одржи свечена прослава на која што ќе настапат музичките ѕвезди Наум Петрески, Влатко Лозаноски и група Калабалак.
Општина Могила е формирана на 12.09.1996 година, со донесување на Законот за територијална поделба на Република Македонија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе