ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Паднаа 60 гола на ракометниот терен во Прилеп

771

Ракометарите на Прилеп во еден одличен натпревар, со голема желба за победа, ја совладаа екипата на Јуниор КВ, која по победата над Работнички се обиде да го повтори успехот и во Прилеп. Но, тука наиде на „тврд орев“,а голови паѓаа т.р секоја минута од натпреварот. Прилепчани на домашен терен започнаа и играа одлично во текот на целиот натпревар. Избраниците на Горан Кузаманоски, преку брзи додавања во напад, одлична одбрана и прекрасни интервенции на прилепскиот голман, како и реализирани контранапади во второто полувреме, успеаја да ја “наполнат мрежата“на Јуниор КВ со 33 голови, а гостите само, беспомошно , се обидуваа да ја намалат резултатската предност на домаќините, кои во еден момент изнесуваше и 10 голови разлика. Дуелот се одигра во салата Р. Р. Ричко, со почитување на сие мерки на заштита и заврши со краен резултат 33:27 (18:14) .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: