9.4 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

Срамота- МТВ и вечерва нема ТВ пренос за Македонија:Лихтенштајн во Скопје?!

До кога МТВ ќе си игра со нервите на граѓаните? Втор дуел од квалификациите за Светското првенство и повторно македонската репрезентација ќе може да се гледа само и исклучиво на регионалниот спортски канал Спорт Клуб. Македонската телевизија и овој пат не обезбеди ТВ пренос, иако натпреварот против Лихтенштајн се игра на домашен терен во Скопје.

Дуелот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра вечерва од 20-45 часот, а пренос ќе емитува на ексклузивна основа само Спорт Клуб.

Која срамота, кое безобразие?????!

Во период кога граѓаните се соочуваат со екстремни ограничувања поради пандемијата и не можат да присуствуваат на трибините, обичните смртници нема да можат да ги следат своите херои – фудбалерите, дури ни на ТВ екраните за натпревар – дома во Скопје !!!

Зошто ова го дозволи МТВ? Па нели сите плаќаме за јавниот сервис, нели настапува МАКЕДОНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА???

Единствена позитивна работа, радост и светлост која што ни ја подарија беа токму фудбалерите со пласманот на Европското првенство, НИВНИТЕ НАСТАПИ СО РАДОСТ СЕ ОЧЕКУВААТ.

Имаат ли во предвид челниците на ФФМ и на Македонската телевизија, таканаречениот јавен сервис дека сите граѓани немаат можност да следат спорт само и исклучиво на одредени регионални канали???

СРАМОТА , ова е уште еден удар врз спортот, уште една шлаканица за чесните граѓани кои имаат право настапите на сите репрезентации, да ги следат на СВОЈАТА ТЕЛЕВИЗИЈА – МТВ !

Би можело да ве интересира

Контролен натпревар на ЖРК Деспина пред стартот на сезоната

Елизабета Филипоска

Заврши ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“

Гордана Цветаноска

ПОСТАВЕНИ ПРВИТЕ 200 СЕДИШТА НА ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе