ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

По седми пат изложба на фотографии „Јордан Зазоски Зазо“

284

Утре, (31.7.2020 ), петок од 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ Фото кино клубот Прилеп организира изложбата на фотографии „Јордан Зазоски – Зазо“. Изложбата е традиционалална поставка која годинава се реализира по седми пат.
На изложбата ќе бидат изложени 62 фотографии од 57 автори, дела кои покажуваат во кој правец одат заложбите на клубот во полето на уметничката фотографија , и колкав е напредокот во изминатата година.
– Годинава, има голема бројка на нови автори, кои се всушност движечка сила на ФКК „Прилеп“. Тие преку низа на работилници и активности во клубот стекнаа знаења за создавање на уметничка фотографија и веќе се градат како препознатливи автори – велат од ФККП.
Изложбата ќе се одржи спрема протоколите за заштита од корона вирус – носење на маска, мерење температура и дезинфекција на раце.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе