ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Парите за дочек на Новата година Општина Прилеп ќе ги пренамени за отворање Центар за деца со церебрална парализа.

755

Различен дочек на  Нова година 2018 година најви  Општина Прилеп .Ќе има музика  но целиот настан ќе има  хуманитарна цел . Имено, Општината Прилеп одлучи парите за прославата за Нова година да ги пренамени за отворање Центар за деца со церебрална парализа.

„Нè очекува богата културно-забавна програма. Покрај бината ќе има осум пултови со топли напитоци, колачи, вкусна прилепска скара, пици и други специјалитети. Најмладите ќе се дружат со ликови од цртаните филмови, ќе има пуканки, топол чај и задолжителниот Дедо Мраз. Водител на забавата ќе биде актерот Игор Трпчески, а ќе настапат рок групата The Four и естрадните пејачки Белинда и Блага Петреска. Ве поканувам заедно, со вашето позитивно расположение да ја збогатите новогодишната атмосфера на плоштадот. Да уживаме со чувство на топлина во душата, дека годинава секој од вас, ќе го даде својот придонес и ќе донесеме заедно во новата година насмевки и радост на дечињата со детска парализа. Преку Општина Прилеп, вие сите мои драги сограѓани донирате и помагате да го отвориме овој центар. Да покажеме дека и како Општина и како граѓани, сме хумани луѓе и дека несебично им подаваме рака на сите наши сограѓани“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.

Инаку,програма за дочекот на Новата година би почнала од  четврток ,кога во центарот за култура „Марко Цепенков“во 19:30 часот ќе се одржи свечен новогодишен концерт на класична музика. Во истиот термин, во петокот во наордниот театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи премиерата на претствата „Клетници“. Во сабота во 12:00 часот најмладите љубители на театарот ќе може да уживаат во претставата за деца „Аладин и волшебната ламба“, што ќе биде поставена на сцената од центарот за култура „Марко Цепенков“, а во исто време од 12:00 ч. до 14:00 часот пак, двајца локални диџеи на градскиот плоштад со избрана музика ќе придонесат за збогатување на  новогодишно расположение. На 31-ви забавата за пречек на Новата 2018-та година ќе се одржи на плоштадот, со почеток во 22:00 часот, а ќе трае до 1 часот после полноќ.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: