ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПИПЕРКАТА-ХРАНА, ЛЕК И ПРЕПОЗНАТЛИВ БЕЛЕГ НА МАКЕДОНИЈА

1.237

Пишува: Филип Димкоски, дипл. земј. инженер, водител на емисијата Градината на Филип

Црвени, зелени, жолти, портокалови, везени, долги, тенки, дебели, бабури, феферони, синадинки, врвоинки, ајварки…Стотици бои, форми и вкусови, обединети под едно име-пиперки. Растение со потекло од Јужна и Северна Америка, со латинско име Capsicum annуum кое во родниот крај се одгледува како повеќегодишно растение, а кај нас е едногодишна култура.

По откривањето во Америка, пиперката во XVI век е донесена во Европа, односно во Португалија каде што на почетокот била одгледувана во стакленици во саксии и како украсно и зачинско растение.  Во Mакедонија, пиперката е донесена од Турците, во седумнаесеттиот век.

фото: Моја бавча

Во зависност од целта на производството се бираат сорти според должината на вегетацијата и обликот на плодот. Пиперката е топлољубиво растение со изразени барања за топлината на воздухот и на почвата како и интензитетот на светлина и вода.

Најчесто се произведува од расад, а поретко и со дирекна сеидба. Бидејќи е осетлива на болести и штетници, многу важен фактор во производството на пиперка е плодоредот. Пиперката не треба да се сади по или покрај култури од нејзината растителна фамилија Solanaceae како што се модриот патлиџан, доматот, пиперката, компирот или тутунот.

Најдобри предкултури за пиперката се едногодишните и повеќегодишните легуминозни растенија (пр: грашок, грав) или житариците. Таа претставува добра предкултура за шеќерната репка и за коренестите зеленчуци.

Во однос на нејзините нутритивни вредности, пиперката претставува и храна и лек, затоа што се смета дека содржи дури три пати повеќе витамин Ц од лимонот и портокалот. Покрај тоа, пиперката содржи фруктоза, витамин Б6, калиум, железо и фолна киселина.

Пиперките се корисни за јадење при диетите за слабеење, а имаат позитивно влијание врз здравјето на очите. Се препорачуваат и за луѓе кои страдаат од анемија или од дијабетес.

Постојат огромен број на рецепти, а македонските семејства, зимата не можат да ја замислат без ајвар. Важно е да се потрудите да произведете квалитетни пиперки за ваша исхрана и за исхрана на членовите на вашето семејство или да изберете производител кој на еколошки начин ги произведува пиперките. Проследете ја емисијата „Градината на Филип“ посветена на пиперката: разговор со м-р Билјана Дрвошанова Билјана од Институтот за земјоделство при УКИМ-Скопје, на тема: Диверзитетот на македонската пиперка и со Александра Лозановска од Демир Хисар, чија бавча е туристичка дестинација, а посебно место во бавчата имаат пиперките.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: