ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Секој заслужува втора шанса“ промотивно видео во продукција на Радио Пела за проектот “Пост – пенална програма за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на осудувани лица”

431

Во рамките на проектот „Пост – пенална програма за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на осудувани лица“, финансиран од ЕУ, кој што го спроведува Центарот за граѓанска иницијатива, Радио Пела реализираше промотивно видео под наслов : “Секој заслужува втора шанса”.

Идејата е да се прикажат можностите за стекнување со нови знаења и вештини на осудените лица кои издржуваат казна затвор во КПД Прилеп, што ќе помогне за успешна ресоцијализација, реинтеграција и рехабилитација во заедницата.

Со реализирањето на овој проект се очекува успешно вклучување на осудените лица кои ја отслужиле својата казна, во општеството, а со тоа да се намали или спречи рецидивизмот на осудени лица во казнено – поправните установи. Проектот „Пост – пенална програма за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на осудувани лица“, започна во јули 2022, а ќе се реализи до 30.06.2025.

Во промотивното видео користени се реални сцени при реализација на проектот.

Улогата на осуденик ја игра актерот аматер Филип Стојаноски, сценарио и режија Гордана Цветаноска, камера и монтажа Никола Димески.

Ви ги претставуваме двете верзии од промо – видео спотот:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: