ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победа утре стартува со подготовките за пролетниот дел

503
Завршува одморот за фудбалерите, па вече од утре, понеделник, 10 јануари, фудбалерите на ФК Победа ќе ги започнат подготовките за пролетниот дел од втората полусезона во Втората лига-Исток, за одбрана на есенската титула и влез во Прва лига. Официјално зимскиот преоден рок за фубалерие започнува на 15 јануари, а ќе трае до 11 февруари, но веќе утре ќе се знаат дел од фудбалските имиња кои ќе го засилат тимот на Победа .
 Со тренинзи на  екипата, по успешно минатиот период на рехабилитација,  се очекува да се приклучи стоперот Христијан Кукески, а на располагање на стручниот штаб ќе бидат  и двајцата млади фудбалери Давид Дебрешлиоски и Христијан Поп-Антоски, кои се враќаат од 6-месечната позајмица на Братство, и ќе конкурираат како за првата екипа така и за кадетско-младинските екипи.
Од играчите кои настапуваа во есенскиот дел од Победа заминуваа Петар Најдов, Дарко Дигаловски и Кирил Неделков.
фк победа
Според планот на спортскиот директор Благоја Гешоски и Шефот на Стручниот штаб, Димитар Капинковски екипата во Прилеп ќе тренира до 24 јануари, а потоа ќе замине на 10-дневни подготовки во Стар Дојран. За време на подготовките  во Дојран ќе бидат одиграни и првите  контролни натпревари, со Кожуф (27 јануари) и Беласица (2 февруари), а закажани се и две посилни контролкни средби во Прилеп со Тиквеш (6 февруари) и генералката со Воска (12 февруари).
Пролетниот дел на Втората лига-Исток со 16-тото коло продолжува на 19 февруари со гостување на Братство на Могила, во 17-тото коло на 26 февруари гостување на Детонит во Радовиш а за крај на вториот круг во 18-тото коло е дуелот со Беласица во Прилеп на 5 март.
Преземено од официјалната фејсубук страна на клубот

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе