ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Силен земјотрес во Лерин, почувствуван во Прилеп

1.885

Вечерва, во 22.43 земјотрес беше почувствуван во Прилеп. Според информациите, епицентарот бил во Лерин, соседна Грција со магнитуда од 5, 8 степени според Рихтеровата скала, на 10 км длабочина.

Силниот земјотрес вечерва е осетен во југозападниот дел на Македонија,  кој траеше  6-7 секунди и се повотор во два наврати, предизвика страв , особено кај жителите на Прилеп кои живеат во стамбените повеќекатници,кои излегоа на  улица, плашејќи се од нов потрес.

Земојтресот беше почуствуван и во Битола, Кичево,Тетово и Скопје.

Во следните 10 минути до 23.53 часот забележани се уште три сеизмички потреси, со јачина од 3,5 Рихтер на 19 километри западно северозападно од Лерин и на фокусна длабочина од 5 километри 3,5 Рихтер на фокусна длабочина од десет километри и 4,1 Рихтер исто така на длабочина од 10 километри, пренесуваат грчките медиуми.

Земјотресот бил почувствуван речиси низ цела Северна Грција до Лариса.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: