ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Подмирување на сметките е проблем на секое трето семејство во Македонија

507

Околу 36,9 проценти од домаќинствата во Македонија имале проблеми со навремено плаќање на режиски сметки во изминатите 12 месеци, според податоците на Евростат за 2018 година. Овој процент е намален во однос на изминатите години , кога надминувал и над 40%.
Во просек една третина од домаќинствата во регионот имаат проблем со навремено подмирување на режиските трошоци во последните 12 месеци, покажува годишното истражување на Евростат за приходите и условите за живеење.
Најмалку домаќинства не можеле навремено да ги подмират режиските трошоци во Холандија, Чешка, Шведска и Австрија – сите околу 2 проценти.
На ниво на ЕУ во 2018 година речиси 7 проценти од домаќинствата имале проблем навремено да ги подмират режиските трошоци (сметки за греење, струја, гас, вода и др.) поради финансиски проблеми. Сепак, истражувањето на Евростат покажува тренд на намалување и пад на овој процент од 10 проценти во однос на 2013 година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: