ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските сообрајќаници како селски патишта

1.509

Калливи и влажни , со не можност да се движиш низ нив,  а да не се извалкаш –  така  денеска изгледаа прилепските сообрајќаници.  Граѓаните со право беа револтирани на нечистите улици и ги опшаа како „селски патишта“,  притоа прајќајќи ни фотографии од различни сообрајќаници.

 

Извалкани, калливи автомобили , калливи и влажни тротоари, калливи улици, каде не се познава ни вертикалната сигнализација –  ситниот дождот, песокот и прашината направија сообрајќаниците низ Прилеп денеска да изгледаат како калливи селски патчиња,  каде ниту има простор каде да „одбереш“ да поминеш ,  ниту пак можност да „пронајдеш“ пешачки премин за да ја преминеш улица.

Од ЈКП „Комуналец„  одговорни за миење на улиците , не информираа дека улиците ќе се перат во текот на утрешниот ден. Ниските температури тоа не го дозволувале во изминативе денови.„Улиците се мијат во утринските или вечерните часови,  кога сообрајќаот и движењето на пешаците е со помал интензитет. Поради ниските утрински температури, ако се перат, би дошло до замрзнување и можност за голомразица на сообрајќаниците и тротоарите “-  објаснуваат од ЈКП Комуналец .

Но, старите имаат една мудрост  која вели : „Утрешен ден не крепи !“.  Денеска,  сите ги минуваа прилепските улици и тротоари со пцовки.  Пешаците, поради извалкани панталони и обувки, возачите поради валканите автомобили. А,  утре ?!  Утре е нов ден!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: