ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Посета и дружба со старите лица на учениците од ООУ „Гоце Делчев“

873

Вака, беше денеска во домот на стари лица „Киро Крстески Платник“, веслео и распеано.Учениците петтоодделенци, во група од 70 тина  од ООУ „Гоце Делечев“- Прилеп ,  ги посетија и се дружеа со  старите лица , штетници од домот за стари лица „Киро Кристеки Платник“-Прилеп. Насмевка, и кај едните и кај другите. Учениците  среќни поради посетата, а старите лица, радосни  што имаа, вака, млади посетители и што токму тие  одлучиле да ги посетат во нивниот дом.  Фотографиите говорат колку беше големо задоволството од посетата и дружбата.

 

 

Учениците  Запеаа неколку песнички, изрецитираа стихови од познати поети, свои  лични творби, направија куса театарска изведба од школските збиднувања и на крај добија топли насмевки и громогласен аплауз од старите лица, штитеници на домот , кои со огромно задоволство и  воодушевување ги следаа сите ученички иведби. Покрај прекрасната приредба, учениците , на штитениците во домот им приредиа уште едно изненадување ,  им подарија пригодни подароци и им посакаа здравје и долго живот.

Под мотото, „Грижата, хуманоста и почитта кон постарите лица“ учецниците го посетија домот за стари лица – „Киро Крстески – Платник“ и на свој начин  дадоа придонес во подигање на свеста во околината за потребното внимание и грижа кон постарите лица, покажувајки грижа и разбирање кон нив, за тие да се почуствуваат повеке сакани и достојно да ја живеат својата старост. Нашите ученици се претставија и со кратка пригодна музичка програма“ .- рече Силвана  Белушанец, наставник во ООУ Гоце Делчев, иницијатор за средбата, во рамките на кампањата за грижата за старите и изнемоштени лица.

 

 

Директорот на ЈУ Дом за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески Платник„ ја пофали иницијативата и истакна  дека сите кои сакаат да ја посетата оваа установа се добредојдени, бидјеќи посетитлите  им ја враќаат насмевката и им го прават посебен животот на старица лицата зрижени во оваа установа,да не се чувствуваат осамено и заборавено.

Децата тоа можат најдбор да го направат,нели?!

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: