ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пожар во близина на манастирот Св.Преображение – Крушево

698

Пожар во близина на манастирот Св.Преображение –Крушево. Манастирскиот комплекс e познат по тоа што е возобновен од македонската музичка легенда, Тоше Проески.

Пожарот во близина на манастирот Св.Преображени-Крушево, избувнал вечерва и веднаш биле активирани ТППЕ и просторните сили кон гаснење,  зашто пожарот со голема брзина се  приближувал кон манастирскиот комплекс.

 

Покрај ангажираните служби и просторни сили ги повикувам сите лица како волонтери да ни се приклучат во гаснење на пожарот кој избувна околу манастирот,  утре, недела да бидат присутни во 8,оо ч. пред општина Крушево заради обезбеден превоз „ – повика за помош, на својата facebook страна, гарадоначалникот на Крушево ,Томе Христоски .

Пожарот кој се шири кон манастирот Св.Преображение во Крушево засега е локализиран и нормализиран,  нема опасност кон манастирскиот комплекс.“  – по еден час напиша крушевскиот градоначалник, кој изрази благодарнот до пожарникари од Крушево, вработените од ЈП Комуна и ПСШ Липа Крушево, шумската полиција и волонтери кои веднаш пристигнале по објават на веста .  Но, тој додаде: “Остануваме будни на терен со дежурни екипи кои сеуште се активни кон местото ,,Гарван”

Подетални информации за состојбата со пожарот ќе побараме во текот на утрешниот ден!

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: