ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пријавени физички напади и дрвокрадство

664

На 26.05.2021 во с.Обршани, прилепско, на место викано „Друм“, полициски службеници од Полициска станица Прилеп пронашле патничко возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки натоварено со нежигосани дабови огревни дрва. Возилото било донесено во кругот на полициско одделение, а била известена шумската полиција Прилеп за преземање на понатамошни мерки.

На 27.05.2021 во Полициската станица Прилеп, А.Е.(37) од Прилеп пријавил дека на 26.05.2021, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.05.2021 во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Џ.А.(31) од Прилеп поради сомнение дека на место викано „Три багреми“ во населба Тризла во Прилеп во два наврати физички го нападнал С.С.(20) од Прилеп. Според пријавеното, на 24.05.2021 со уште неколку лица физички го нападнал С.С.(20) од Прилеп, додека на 26.05.2021 физички го нападнал и се обидел да го повреди со остар предмет.  По целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе