ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп го одбележа празникот 23-ти Октомври

699

Со положување на цвеќе пред спомениците на македонските идеолози и великани, Ѓорче Петров и Пере Тошев, во центарот на Прилеп, делегагици од локалната самоуправа и  политичките партии положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен обележјата на овие двајца македонски револуционери,оддавајќи им почит,  по повод 23 Октомври ,Денот на започнувањето на револуционербната борба на Македонскиот народ

Честитајќи го празникот на сите граѓани, прилепскиот градоначалник  Илија Јованоски повика на обединување и помирување на сите граѓани во овие, како пто рече тешки политички моменти.

– Им го честитам на нашите граѓани денешниот празник, 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба и им посакувам обединување и помирување на сите граѓани. Во овие тешки политички моменти кои се вистински предизвик за нашата држава треба да најдеме можност сите заедно да се обединиме и со заедништво да продолжиме да ја градиме нашата европска Македонија, изјави Јованоски.

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ ,Дејан Проданоски изјави:

„Денеска, во едни тешки и мрачни времиња за Македонија и за македонците, оддадовме почит на великаните на македонската револуционерна борба! Борбата за Македонија била од секогаш тешка и жолчна, но секогаш победата ја носеле оние кои биле на вистинската, на страната на Македонија! Предавници имало и ќе има, но на страните на историјата се слават оние кои борбата ја воделе за татковината, а не за свиоте лични интереси.
Македонија раѓала луѓе кои секогаш ја продолжувале борбата за независна и суверена држава, веруваме дека и сега ќе биде така, и ќе има такви кои ќе се вложат за опстанок на Република Македонија! „


На 23 октомври 1893 во Солун, идеалите на шестмина македонски визионери Даме Груев, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров, го запалија факелот на револуционерното дело на македонскито народ и тој ден македонскиот народ од пред николк годин започн а да го  чествува 23 Октомври како Денот на Македонската револуционерна борба и е прогалсен за државен  празник

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: