ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп од ЕУ доби ново возило за собирање и транспорт на рециклирачки отпад

563

 

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп набави ново комунално возило кое ќе го олесни собирањето и транспортот на сите видови на рециклирачки материјали од домаќинствата.Возилото е набавено со финансиска помош на ЕУ, и е со капацитет од 7+1 м3, чија вредност изнесува 61.494 евра.

Со оглед на застарениот возен парк и на тоа што јавното претпријатие последен пат набавило ново возило пред десетина години, комуналното возило во многу ќе го олесни собирањето и транспортот на сите видови на рециклирачки материјали од домаќинствата.

Покрај набавката на возилото, во рамки на проектот наскоро треба да пристигне и нова хидраулична преса за пресирање на различен вид отпаден материјал.

Вкупната вредност на новото комунално возило и автоматската континуална преса од 50 тони, изнесува 121.000 евра, а средствата од проектот „БИО – РЕАЛ“ се финансиска поддршка од програмата на Европска Унија „Интеррег – ИПА“, прекугранична соработка со Грција.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: