ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп се вклучи во еко-акцијата „Општините во Македонија-чистат“

534

Повеќе од 100 вработени во Општина Прилеп, јавните комунални претпријатија и образовните институции, од изутрината чистеа на неколку локации во околината на Прилеп. Со своја механизација се вклучија сите јавни претпријатија, но и приватната фирма „Изофас“, демонстрирајќи општествена одговорност.

Се работеше на чистење на дивите депонии во околината на градот, и тоа кај вештачкото езеро, потоа на потегот од хотел „Салида“ кон бензинската пумпа „Лук Оил“ и „Прилепска Пиварница“, како и теренот околу патот за село Ореовец.

Градоначалникот Илија Јованоски им се заблагодари на вработените во јавните претпријатија и во „Изофас“ за покажаната висока еколошка и граѓанска свест во спроведувањето на денешната акција, но и на „Прилепска Пиварница“ која на ЈКП „Комуналец“ му донираше машина за чистење на улиците во градот.

„Сакам да упатам апел и до нашите граѓани да се грижат за екологијата и за животната средина, за да не се доведеме во ситуација да има повторно растурање на сметот. “,изјави градоначалникот Јованоски.

Со целиот свој капацитет, во денешната еколошка акција беше вклучен и ЈКП „Комуналец“.

„Апелирам до сите граѓани и до сите фирми, заеднички да ја чуваме животната средина и да го зачуваме нашето здравје. Сметот да го одлагаме таму каде што треба, во контејнерите, во кантите и во депонијата кај село Алинци, која е отворена за сите фирми да го депонираат својот смет, без никаков надоместок“, истакна Звонко Јованоски, в.д. директорот на јавното комунално претпријатие.

Еко-акцијата се одвиваше под мотото „Општините во Македонија-чистат“ и е иницијатива на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: