ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп, в сабота, домаќин на Фајнл 4 во кадетска женска конкуренција

750

Прилеп, по долго време доби можност, да организира завршниот ракометен турнир во жени. Овој пат Фајнл Фор турнирот, во кадетска женска конкуренција  ќе се одржи во салата „Р. Р. Ричко“ – Прилеп, во организација на екипата на ЖРК Деспина. Во Фајнл Фор во кадетска женска конкуренција за шампионската титула ќе се натпреваруваат екипте: ЖРК ДЕСПИНА, ЖРК МЕТАЛУРГ, ЖРК ШАМПИОН и  ЖРК ВАРДАР. По завршувањето на првенствот Деспина и Вардар останаа први на табелата , со по 37 бода во Групата 2, а во Групата 1, први на табелата беа екипите на Маталург и Шампион.

“ Ова е голема мотивација за девојките и голема чест за градот“- велат организаторите

Натпреварите ќе се одиграат во сабота (08.06.2019), а поддршката прилепските девојките ја очекуваат и од публиката, за да ја освојат титулата кадетски првак на државата што е нивни предизвик.

      Редослед на натпревари (08.06.2019):

10:00 часот ЖРК МЕТАЛУРГ – ЖРК ДЕСПИНА

12:00 часот ЖРК ШАМПИОН – ЖРК ВАРДАР

17:00 часот натпревар за трето место

19:00 часот ФИНАЛЕ

Во Струга ,пак, денска ќе се реши кој ќе биде кадески шамион во машкиот ракомет, каде настапува и екипата на РК Прилеп. КЛ7 Струга,  Вардар , Прилеп и Еурофарм Работник, се четирите најуспешни екипи во кадетска конкуренција кои денска во спортската сала во Струга играат натпревар за титулата  кадетски првак на државата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: