ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепчани го вклучија алармот за спас на изворот Леково!

992

Голема група прилепчани, сопственици на викендици во околината на Вештачкото езеро, денеска го блокираа патот кон рудниците за експлоатација на мермер. Тие револтирани објаснуваат дека ископувањето на мермер во овој дел од прилепско го загадува изворот „Леково“, чија што вода влегува и во градскиот водовод. Особено загадувањето на изворите било изразено последниот месец.

  „ Ако снема вода „Студенчица“, што ќе прави градот..?! Тој извор е најголем од тој ракав нагоре..тој има 30 литри вода во секунда, а другите сите се под 10…“ – објаснува Илија Талески.

  „Како иди, секоја година фазла се насипува…се запира водата со бело брашно, и плус тоа и чешмите и водата се загадува, одвреме-навреме почна да течи и жолта вода и чешмите нон-стоп се затнуваат…“– посочува Горан Тасески.

Директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески, вели дека единствен начин да се заштити изворот е да престане експлоатацијата на рудникот лоциран над Лековскиот извор. 

  „ Лековскиот извор дава околу 10-12 литри вода во секунда  и тоа се околу 25-30 илјади кубни метри месечно. Проблем немаат само викендиците кои што се поврзани на потисниот цевковод од Лековскиот извор, од каптажата на Лековскиот извор, туку цел град. Водата од четирите извори околу Вештачкото езеро се собира кај собирната шахта кај Касарната, тука се преработува и од тука се импутира во цевководот на градот. Континуирано имаат проблем граѓаните. Во рамките на нашите можности редовно кога реагираат, излегуваме во пресрет ги периме линиите, меѓутоа продолжуваат со експлоатација на рудникот и иди до заматување на водата со бел прав. Единствен начин да се заштити изворот е да престани експлоатацијата на рудникот лоциран над Лековскиот извор. Овој извор пред екплоатацијата на рудникот никогаш немал проблем со заматување, исклучително чиста вода за пиење. Таа е вода која што отсекогаш ја користеле прилепчани и пред да се снабдуваат со вода од „Студенчица“. Таа е вода која што е исклучително квалитетна и по гравитационен пат е бесплатна за ЈП за разлика од водата од „Студенчица“ која ја купуваме – вели директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески. Тој додава дека од како е директор на јавното претпријатие 3 пати се обратил до Министеството за економија да ја преиспита одлуката за екслоатација на рудникот, како и до Министерството за животна средина, бидејќи како што вели тој со загадувањето на изворот се загрозува здравјето и животот на граѓаните.

Експлоатацијата на рудникот е започната 2013/14 година, како резултат на концесии издадени од Министеството за економија конкретниот извор е еден од најстарите и природно најиздашните извори со квалитетна вода за прилепчани. Според групата која што денеска го блокираше патот, тие наредниот месец очекуваат одговор од надлежните од двете министерства за престанок на екслоатација на рудникот, во спротивно ќе започнат со целодневни блокади на патот околу Вештачкото езеро каде што транзитираат камионите од рудниците со мермер.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: