ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тутунска надеж: заштитната опрема е репроматеријал, а не „друг приход“!

794

Кооперантите на одредена тутунска откупна компанија се соочуваат со проблем за поврат на персоналниот данок, доколку компанијата или УЈП навремено не изреагираат за коригирање на направената грешка. Имено, станува збор за заштитна опрема (маски, ракавици ,скафандер) која што според здружението „Тутунска надеж“ во годишните даночни пријави била пријавена под ставката „други приходи“, со што, земјоделците не ќе можат да го остварат правото за поврат на персонален данок. Крајниот рок за корекциите е 31 мај годинава. Го пренесуваме отвореното барање од здружението во целост:

„Здружението Тутунска надеж-Прилеп денес достави отворено барање за решавање на проблемот на тутунарите кооперанти на Алијанс Уан М кој се појави во годишните даночни пријави за 2019 година.
Во годишните даночни пријави за 2019 година откупувачот Алијанс Уан М имаше
пријавено средства на име Друг приход од 650денари кој на тутунарите им беше даден во
вид на опрема за заштита на здравјето на тутунарите при употреба на хемиски средства за
заштита на расадопроизводството и понатамошното производство на тутун(маски,
ракавици, скафандер). Со кој друг приход тутунарите доколку го имаат го губат правото на
поврат на персонален данок кој го плаќаат за продажба на сопствени земјоделски
производи.
Ова право го имаат сите земјоделци кои освен приход од продадени сопствени
земјоделски производи , не поголеми од 1 000 000 денари,не смеат да имаат други
приходи на своите даночни пријави.
Голем дел тутунари поради овој друг приход за 2019 година не остварија право на поврат
на данок а сумите се движат до 17 000 денари по земјоделец кој заради заштитна опрема
не успеа да си го оствари тоа право.
Минатата реколта 2020 година се случува истото. Во годишните даночни пријави на име
на друг приход повторно има пријавено приход овој пат таа сума е 231денар. Веќе се
генерирани даночните пријави и се пуштаат корекции. Тутунска надеж од терен доби
информации дека огромен е бројот на тутунари кои не зеле опрема во 2020 година но
сепак имаат друг приход на што Алијанс Уан М нема одговор. А од УЈП не препраќаат кај
уплатувачот. И така се вртиме во круг а рокот за корекции е до 31.05. Доколку Пријавите
не се коригираат и за 2020 година тутунарите повторно ќе немаат право на поврат на
персоналниот данок.
Бараме трајно решавање на овој проблем доколку таа опрема е задолжителна тогаш да се
води како репроматеријал за заштита на здравјето на тутунарите кое не смее да се
оданочи со Персонален данок . Доколку не е задолжителна да не им се подметнува на
тутунарите бесплатно, но оданочена на Годишните даночни пријави со Персонален данок
на доход.
Тутунска надеж ги повикува тутунарите кооперанти на Алијанс Уан М да не ја подигнуваат
истата таа опрема и да не потпишуваат изјави дека ја подигнале за 2021година. Се додека
не се реши овој проблем,“ се вели во известувањето од Здружението Тутунска надеж.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: