ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепчанка 2 милионити патник на Скопскиот аеродром

866

Ивана Николоска од Прилеп, која живее во Мелбурн, е двамилионитиот патник на Скопскиот аеродром.Таа претпладнево пристигна од Доха со летот на „Катар Ервејс”, а на аеродромот беше пречекана од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, извршниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој и претставници на компанијата.
Во кусата изјава за медиумите Николоска рече дека доаѓа во Македонија за претстојните празници и оти е изненадена, но и среќна што токму таа е два милионитиот патник.
„Ова е навистина големо изненадување. Многу ми е мило што јас сум избраниот патник. Се надевам дека ќе се множат уште многу во иднина,“ рече Николоска за МИА.
„Одбележуваме уште еден заеднички успех во авиосообраќајот во Република Македонија, 2 милиони превезени патници на Скопскиот аеродром.
Ова е резултат кој сите го очекувавме и кој ни дава за право да кажеме дека развојот на авиосообраќајот континуирано оди во нагорна линија.
Ова е наша определба и во рамки на нашите надлежности ќе сториме се за да го издигнеме авиосообраќајот на повисоко ниво, објави на својот ФБ профил министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Со зимскиот ред на летање од Меѓународниот аеродорм Скопје функционираат 37 редовни авиолинии до 35 дестинации.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: