ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепчанка ќе суди на ЕП фудбалско првенство за кадетки, У-17

990
         Единствената дама, Македонка, која ќе ја дели фудбалската правда на  ЕП за жени, У-17, во Каунас, Литванија,  е Прилепчанката,  Ирена Велевачкоска, која  е единствена судијка од Р. Македонија. Кадетскот првенство започнува, в среда, од  9-ти мај и ќе трае до 21 мај. Осумте женски фудалски репрезентации (Германија, Холандија, Финска и Ливанија , Полска, Шпанија,  Италија и Англија)  ќе играат во две групи, а македонскиот фудбалски судија, Ирена  Велевачкоска  ја  доби голема  можност да  ја дели судиската правда на некој од натпреварите на шестот по ред  ЕП за жени  У-17 во Литванија .
 
Ирена: Одредена сум од страна на УЕФА како организаторт, односно судискиот комите на УЕФА , како една од шестте главни судијки кои ќе судат на овој завршен турнир , на кој исто така има и осум асистентки судии , а и две домашни кои ќе бидат само 4 – ти судијки , сите сме од различни држави и сите ние ние ќе бидеме службени лица на натпреварите кои ќе се играат на ова Европско првенство во Литванија.
Радио Пела : Како успеа? Кои резултаи треба да ги постигниш за да дојдиш до можноста да судиш на вакво големо фудбалско натпреварување
       Ирена: Потребан е и голема волја, но и психофизичка подготвеност ,а патот е долг и тежок и не е ни малку лесен. Од 2014-та година сум на ФИФА листата,  главни судии. Работев напорно преку континуираната подготовка како на физички така и на теоретски план со надградување на знаењето преку семиарите и размената на искуства со колегите од кои доста научив за судењето и секако од ден на ден се поголемото искуство кое го акумулирам преку судењето на натпреварите во нашата држава и дојдов да бидам одредена како судија на една ваква голема манифестација.Инаку секоја година се добиваат можности за судење на меѓународни турнири, каде го докажуваш својот капацитет, можност и знење.  Јас имав среќа,  можеби, во април кога бев да судам на елитен фудбалски турнир,  за девојки У19,  во Унгарија, па оттаму заминв на CORE семинарите во Швајцарија , каде голем број на судии од повеќе земји, полагавме одреден тестови :тест за физичка издржливост, фитнес норми, теоретски и практичен дел во судиската професија и сето тоа резултираше да ја добијам шансата, која од се срце ја посакував,  да бидам дел од судискиот тим на ЕП за жени У17, кое деновиве ќе започне во Литванија.
Радио Пела : Која е твојата цел? Има ли можност Македонка да суди полуфинале или финале на ЕП за жени -У17?
       Ирена: Сакам да ја добијам мојата шанса и да судам! Не е ни важно дали ќе бидам помошен или главен судија, на некој од натпреварите. Важно е што ми се оствари сонот да ја делат судиската правда на едно вакво големо европско фудбалско натпреварување, што секако е чест за мене, за Македонија, за ФФМ и судиската организација , и во оваа прилика, сакам да им се заблагодарам на сите за довербата, поддршката  и за можноста која ја добив, да бидам дел од ЕП во Литванија.  Иако, морам да признам дека делењето на судиската фудбалска правда е многу одговрна и тешка задача, и имам трема, особено кога се работи за едно вакво гоелмо фудбалско натпреварување , но ќе дадам се од себе да ги покажам моите судиски квалитети и да потврдам довербата .

 

 

Радио Пела: Што посакуваш на овој план, фудбалски – судиски,?Кој е твојот дострел и предизвик?
      Ирена: Секој еден фудбалски судија сака да суди финале или полуфиналена, осовено на едно  вакво, големо  фудбалско натпреварувања, како што е  ЕП, без оглед за која категорија станува збор , или, за момчиња или девојки,  па тоа е и моја желба. Се надевам дека ќе ми се оствари мојот сон, да ја делам судиската правда на некое полуфинале или финале, на ова или на некое следно УЕФА , натпреварување од висок ранг. Како и секој судија така и јас пред се посакувам да ме прати добро здравје , а потоа ова Европско првенство да ми биде отскочна „даска“ за да стигна уште повисоко а тоа е еден ден да судам натпревари од Лигата на шампиони за жени како и да судам на завршно Европско првенство за сениорки, тоа ке ми биде најголемата сатисфакција за сиот вложен труд како и лична афирмација моја , на Фудбалска Федерација н Р.Македонија , мојот град и мојата држава, Македонија .
Радио Пела: Нели е ова најважната машка споредна  работа во  светот?Што бараат жените во светот на фудбалот,па и правда да делат?!
Ирена : Денеска се повеќе жене играа фудбал и овој спорт станува “достапен терен“ и за дамите. Па, кога можат да играат, можат,нели и да судат.Така и јас одлучив после, моето активно играње во некогашниот женски фудбалски клуб „ЖФК Победа-Прилеп “, (која за жал, по едно децениско постоење, веќе не постои како клуб )  преминав во судиските фудбалски води,  пред 4 години .  Бев искрено добро прифатена од машките колеги и со нивна помош, за неколку години станав меѓународен судија. Денеска фудбалската правда ја делам и на девојки,(за жал , има само уште неколку клуба во Македонија) а во фудбалското првенство во Македонија, им судам и на момчињата: кадети, пионери, младиници …и секој нов натпревар е ново ,побогато искуство за мене, кој ме кали во судиските води.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: