ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепската полициска станица има двајца командири, обвинуваат од ОК на ВМРО -ДПМНЕ

848

Работата на Советот при општина Прилеп денеска беше тема на прес конференција, при што беа опфатени неколку теми од портаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп Влатко Петкоски. Ја пренесуваме во целост:

„Минатата седница на Совет на Општина Прилеп, ја одбележаа низа скандали. Мнозинството во советот, изгласа втор командир на ПС-ОН-Прилеп, без да биде официјално разрешен со решение претходниот командир од неговата функција? Ваков преседан не е запаметен никаде?!Законот јасно ја предвидува постапката за разрешување и избор на нов командир. И наместо министерот за внатрешни работи најпрво да го разреши досегашниот командир, па потоа со предлог да продолжи изборот на нов, СДСМ си измислуваат нови закони? Или пак изборот на два командири се должи можеби на зголемениот криминал во Општина Прилеп, кој очигледно е единствената област која се развива во нашиот град?Прилепчани, Прилеп сега има два командири! Бидете спокојни и чувствувајте се безбедно.Што се однесува пак до муралите во градот за кои беше дискутирано на истата седница на совет, градоначалникот Илија Јованоски, да одговори пред јавноста: Дали до градоначалникот, советот, или било кој друг сектор во ЕЛС Општина Прилеп има доставено барање за исцртување на мурали на ѕидови во центарот на Прилеп? Во кој дел од програмата за СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈА НА ОПШТИНА ПРИЛЕП 2020-2025 година е предвидено исцртувањето на муралите со ликот на Стале Попов и Блаже Конески? Еве како за почеток нека дадат одговор на овие две прашања, а околу оваа тема, ќе се занимаваме подетално во наредниот период.Почитувани, за сите правни гимнастики, ќе следуваа одговорност. Никој, ама апсолутно никој што се огрешил пред законот, нема да биде поштеден, рече Петкоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: