ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепски дрвократци претепале полицајци. Синдикатот го осуди инцидентот и бара заштита

1.067

Нападнати од група дрвокрадци петмина полицијаци од шумската полиција се повредени/ Еден од полицајците, од удар со тврд предмет, добил пукнатина на черепот долга 20 сантиметри и се наоѓа на скопската Клиника каде се бори за живот.

Инцидентот се случил околу 19:45 часот кога полициска екипа од Чашка, отишла на интервенција, откако биле запленети две возила со нелегално исечени дрва. Тогаш, со дрвени палки, дрвокрадците, кои дошле од прилепскиот крај, ги нападнале и ги претепале.  Останатите тројца полицајци се со полесни повреди. Велешката полицијата го потврди инцидентот и соопшти дека четворица од напаѓачите се уапсени.

„Со години назад дрвокрадци ја пустошат шумата околу село Степанци, на стариот пат од Велес за Прилеп, преку планината Мукос.Шумските полицајци во претходните случаи сведочеа дека дрвокрадците се и агресивни, се закануваат со пиштоли, со секири и ладно оружје.„- пишува Тирековмирече.мк

Македонскиот полициски синдикат го осудува вчерашниот настан, кога група граѓани кои вршеле бесправна сеча на дрва ја нападнале полициската патрола, сочинета од пет полициски службеници кај селото Степанци, во општина Чашка.

Трендот на напади врз полициски службеници само затоа што професионално си ги извршуваат  работните обврски  и задачи, спроведувајќи го законот, МОРА ДА ЗАПРЕ! Сметаме, уверени сме и стоиме цврсто на ставот дека секој напад врз полициски службеник , односно било какво девијантно однесување кон , пред се –  луѓето , кои секојдневно се грижат за безбедноста , редот и мирот во нашата држава  , на индиректен начин претставува напад врз Република Северна Македионија! Правосудните органи мора да започнат да ги процесуираат нападите врз полициските службеници во најбрз можен временски рок, притоа паралелно да се заостри казнената политика, со цел елиминирање на појавата на напади врз полициски службеници,велат од МПС.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: