ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепски компании доброволно ќе шијат заштитни маски

2.768

Конфекцијата „Кули“ , компанијата Gifty текст и компанијата STAN MK, сите од Прилеп се вклучуваат,  доброволно во фунција на здравствените работници , со  шиење на заштитни маски . Со поризводство, започнуваа веднаш , кога ќе добијат одобрение од Министерство за здравство и Агенција за лекови и медицински средства.

„Утрово,  имавме состанок со Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и наидовме на огромна подршка од негова страна , со што беа контактирани сите институции.“ – не информираа од Тимот на ГИФТИ ТЕКС – Прилеп

Иницијативата на прилепеските компаниите е да помогнат во националните нaпори за спpaвување со кopoнавиpyсот,  нудејќи бесплатна изработка на мeдицински мaски за зaштита. Трошоците за работна рака ќе бидат комплетно на нивен товaр, а од компаниите  напоменуваат и дека можат да сносат и дел од трошоците за снабдување на основниот и помошниот материјал за изработка.

Од комапнијата „Кули“ и со апел до компаниите чија дејност е производство на зaштитни маски или други соработници со кои заеднички може да се реализира овој процес да го контактираат менаџерот на конфекција „Кули“, Александар Мариновски (070 308 603) со цел воспоставување на соработка од јавен интерес.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: