12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

Дезинфекција на институции, училишта, градинки, старски дом

Eкипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп, денеска започнаа со дезинфекција на општинските и државните институции во градот во рамки на одлуките на Владата и Министерството за здравство, како и на препораките на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, за преземање мерки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од корона вирусот.

Дезинфицирани се општинските основни и средни училишта, објектите на ЈОУ Детска градинка „Наша иднина“ и Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“.

Директорот на ООУ „Климент Охридски“, Зоран Сребреноски, вели дека стручни екипи на Центарот за јавно здравје ги дезинфицирале сите училиници, кабинети, канцеларии, тоалети, спортската сала и другите помошни простории во двете училишни згради. Училиштето презема напори за реализирање на еден дел од наставниот процес преку вибер комуникација на учениците со своите наставници.

„ Секој одделенски раководител по електронски пат ги добива содржините од предметните наставници и ги испраќа до учениците. Во сето ова се вклучени и родителите, така што одделенскиот раководител има повратна информација дали учениците ги добиваат тие содржини и дали ги реализираат. Ако има потреба за дополнителни објаснувања, наставниците се тука за повторно да се вклучат, за да се реализира тоа што може да се реализира, односно да се спаси тоа што од наставата може да се спаси“, објаснува Сребреноски, директор на ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп.

Ваквиот начин на изведување на наставата се спроведува во сите општински основни училишта во Прилеп.

Би можело да ве интересира

СВР Битола: од 10 до 14 ч. патот Кривогаштани – Крушево, в недела, 27 ми август ќе биде затворен за сообраќај

Пела Редакција

ДНУ Прилеп одбележува 50 години од своето постоење

Гордана Цветаноска

Протест за да се прекине ископот на мермер за потребите на Бехтел и Енка кај Оревоец (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе