ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

“Прилепските“ Грузијци најдобри на ракометниот турнир

574

Играчите на РК Прилеп, грузијците Хазеин Рустамов, Зураб Цинцадзе, Реваз Чантурија и Мириан Гавашелишвили настапија во дресот на репрезентацијата на Грузија во финалето од ИХФ/ЕХФ трофејот во Тбилиси против Кипар (32:18). Во листата на стрелци се запишаа левото крило, Рустамов и неговиот колега кој игра на десната позиција, Чантурија. Рустамов беше втор стрелец со пет постигнати гола, додека Чантурија натпреварот го заврши со еден гол. Грузија на турнирот го освои првото место, без ниту еден пораз.

Третото место на ИХФ/ЕХФ трофејот го освои репрезентацијата на Бугарија откако беше подобра за нијанса од Молдавија со еден гола разлика, 26:25.

Место во бараж квалификациите за Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Германија освен Грузија обезбедија и репрезентациите на Кипар и Бугарија.- пишува порталот 24rakomet.mk

foto:https://24rakomet.mk

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: