ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Промоција на книга – поезија на Златко Лашкоски

427

Во чест на  споменот на  Златко Лашкоски , кој на денешн ден пред една година ненадејно почина како  последица од кораонавирусот,  човекот кој беше долгогодишен секретар на највлијателната културна манифестција во Македонија, на единствениот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“, денеска ,  на 13 декември 2021 година,  ќе биде промовирана неговата книгата – поезија , насловена „Мојот пат низ песна“. Ова збирка поезија говори за неговата љубовта кон песната и се чини дека поезијата во животот на Златко одела паралелно со љубовта кон македонската традиционална музика и со фолклорот.  Првата песна Лашкоски  ја напишал во далечната 1978 година. Во книгата се собрани и објавени 49 негови песни.

Промоцијата на книгата „Мојот пат низ песна“ е од 18,оо часот во киното „Мис Стон“.  

За книгата на помцоијата ќе говори Слободан Беличански, а стихови ќе чита актерот и режисер Игор Трпчески, додека сите оние кои  ќе ја посетат промоцијат ќе имаат можност да  се присетат и на Златко Лашкоски, кој ќе остане запаметен како човек  со ведар дух,  активен вљубеник на македонскиот народен мелос и почитуван сограѓанин.

Во негова чест ние како медум, Радио Пела Ви го пренесуваме, посхумно, последното интервју кое Златко Лашкоски го даде за нашата медиумска куќа, која крајно ја почитваше и секогаш драго се повикуваше на нашите покани , со цел да зборува за фестивалот, можностите и слчувајњата, за македонскиот народен мелос…

 

Златко почина лани на 13 декември, како последица од Ковид-19. Промоцијата на неговата книга поезија е на годишнината од неговата смрт.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: