ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прва контрола и триумф на Победа во Струмица

607

Прва контрола и триумф на фудбалерите на Победа во рамките на подготвиделниот период. На стадионот „Младост“ во Струмица, Победа jа совладa Беласица со 0-1.
Единствениот, но значаен гол за Победа за стекнување на самодоверба го постигна ветеранот Благоја Гешоски, но најголемата заслуга ја има Марио Наумоски со извонредниот соло-продор кој претрча повеќе од 40-тина метри и се ослободи од неколку фудбалери. Тренерите Цицмиловиќ и Мегленски ги проверија играчите на кои сметаат во моментов и главно направија проверка на сите расположливи сили.
Победа започна со комбиниран состав:Котевски, Спиркоски, Илиески, Драгарски, Карчески, Ацески, Маркоски, Митрески, Шопоски, Каланоски и Чарлс(играч од Гана на проба).
Во вториот дел за Победа настапија:Јованоски, Бунтески, Паноски, Јаќимовиќ, Каралиоски, Ј.Наумоски, Ангелески, М.Наумоски, Мандиќ, Гешоски и Д.Спиркоски.
За Победа на овој меч не настапија:Тофилоски, Даноски и Крстески, кој тренира оддвоено од екипата.
За Победа ова е прв контролен натпревар, а според најавите од стручниот штаб базичните подготовки ќе се реализираат во Банско од 12-ти јули. За тимот на Беласица овој натпревар беше втор пријателски, а од петок струмичани своите подготовки ги продолжуваат на Златибор.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: