ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пописот започнува, ќе трае до крајот на месецов

505

Се’ е подготвено за стартот на пописот, кој што ќе се спроведува безбедно со почитување на здравствените протоколи – уверуваат надлежните. Најголемата статистичка операција во Македонија се случува по 20 години, а во меѓувреме имаше еден пропаднат обид за попис.  За пописот, територијата на земјава е поделена на 50 пописни реони, а попишувачите ќе излезат на терен утре во 8 часот.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, соопшти дека институциите се подготвени за најголемата статистичка операција во земјава, која не е спроведена речиси 20 години и ги повика граѓаните да ги примат попишувачите. Тој потенцираше дека пописот ќе биде според протоколи и никој нема да биде загрозен. Според него, две третини од пријавените попишувачи се вакцинирани. За граѓаните кои се заболени или пак се во изолација сите информации попишувачите ќе ги добиваат од Министерството за здравство.

Нема можност некој да биде изоставен од попишување. Доколку членовите на едно домаќинство кои треба да се попишат не се дома, тогаш попишувачите оставаат порака со временска одредница кога повторно ќе поминат. Оставаат и телефонски број во случај ако лицето не е во можност во наведениот период да биде дома, да закаже со попишувачот кога може да се спроведе попишувањето.

По 20 години во државата се спроведува попис на население и објекти. Прв пат освен прибирање на податоци директно од населението на терен, ќе се користат и податоци од таканаречената Претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваат сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата.

Ова го забрзува целиот процес, што значи дека до крајот на годинава, најдоцна во јануари 2022 треба да бидат објавени податоците – кои ќе бидат од интерес и важност за речиси секоја сфера од живеењето и работењето во државата. Ќе се добие точна бројка колку не’ има во државата и каде сме точно распоредени, ќе се добие прецизна слика за половата, старосната, образовната, економската структура на населението, бројот на објекти и слика на условите за живеење на населението.

Пописот завршува на 30 септември, а резултатите ќе се знаат за 4 месеци.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: