ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Крстески : Психичката и физичката подготовка е најважна за максимумот во професионалниот бокс (ВИДЕО + ФОТО)

Крстески со желба за многу успеси и титула во иднина !

650

Неодамна Мартин Крстески го имаше својот деби настап во професионалниот бокс. Иако судиите му ја доделија победата на трикраткиот првак во кикбокс РикоГигер , сепак прилепчанецот  задоволи и со перфорамнсите на овој меч но и со ангажманот во текот на борбата. Заедно со својот тренер Дарко Чатлески од ПРОБОКС МАКЕДОНИЈА  , долго се подготвуваа за оваа профи пресметка па дури ниту проблемите со мала повреда на Крстески не ги спречи прилепскиот боксер да се активира во професионалниот бокс.

Крстески за време на гостувањето во отворената програма на Радио Пела , РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА , вели дека многу му е важна подршката од семејството и пријателите во неговата намера да продолжи и да се потруди да забележи што повеќе победи во професионалниот бокс. Неговата намера е и во иднина ако му се овозможи шанса и да освои и некоја титула но за тоа вели дека ќе треба да се продолжи со тренинзите во ист ритам на професионално ниво.

Прилеп од редовите на тимот Чатлески го има и вториот професионален боксер , претходно тука беше и Трајче Илиоски кој својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во Австралија каде моментално работи и тренира под менторство на македонски тренер.Инаку целосниот разговор од гостувањето на Мартин Крстески и Дарко Чатлески можете да го погледнете во видеото подолу.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе