ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Репрезентативните тренинзи за џудо ветерани стартуваа од Прилеп (ФОТО)

1.539

Македонските џудо ветерани испишаја историја во овој спорт. Од Прилеп стартуваше и првиот тртенинг на ентузијастите во џудото.Кандидатите за состав на репрезетнацијата во џудо за ветерани го одржаа првиот тренинг на отворено во како што велат тие , базата на овој спорт , градот Прилеп. Се појавија 11 членови во составот на оваа селекција каде Киро Здравески е селектор, Димче Џагадуроски е тренер , и двајцата се дел од прилепскиот џудо клуб Сеишин.

Димче Џагадуроски – тренер на репрезентацијата за ветерани

Со сите протоколи за заштита од Ковид 19 , се реализираше првиот тренинг на кој присуствуваа: Менде Илијоски , Благојче Митрески , Сашо Димовски , Тони Бурнески , Маке Спиркоски, Ѓорѓи Хубрев , Методија Ангелов,Златко Кочевски,Мартин Ристески заедно со стручниот штаб на репрезентацијата.

Селекторот на ветераните Здравески , започнувајќи од тука најави учества на турнири и првенства а едно од нив би требало да биде учеството на турнир во соседна Србија во месец септември како и учество на балканското првенство во Албанија.

Уште на првиот тренинг на оваа репрезентација во џудо, се забележуваше ентузијазмот на спортистите кои некогаш активно се бортеа на татамите , а сега повторно се во друштво на кимоното и џудо техниките. Радио Пела посакува среќен почеток на репрезентацијата на џудо ветерани.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: