ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се чистат дивите депонии од околината на Прилеп

630

Стари алишта, градежен материјал, биоразградлив градинарски отпад, отпад од домаќинство, и што ли уште не, чистеа денеска комуналците од дивата депонија под касарната. Иако оваа депонијата,  на крајот од куќите кај касарните се чисти редовно, овој празен простор постојано се затрупува со разноразен отпад,велат од Комуналец.Се чистат и другие диви депонии околу градот ,а активност  ќе трае повеќе денови со оглед на обемноста на работата.

Од комуналец велат дека постојано апелираат до граѓаните за да не создаваат  диви депони со цел да не се загдува на животната средина, бидјеќи комуналниот отпад во било која количина, доколку е правилно спакуван во вреќи,  го собира ,,Комуналец,, при редовната работа , а секој четврток, бесплатно од домовите се собира габаритен отпад со најава на телефон 048/428 992, додек пак, за  градежниот шут и отпадот од градење се користат посебни контејнери.

 

Со вака организираниот начин на собирање, транспортирање и депонирање на отпадот, сиот отпад, освен селектираниот, треба да заврши во депонијата Алинци, а не во околината на Прилеп.

Доколку дозволат временските услови, комуналците ќе продолжат со чистење на дивите депонии редоследно, по проценка на приоритет и ризик од стручните служби.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: