ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Поранешни времено ангажирани обвинуваат за селективност при продолжување на договорите во општинските институции и претпријатија

693

Поранешни работно ангажирани со договор на дело од неколку прилепски институции и претпријатија го искажаа револтот поради прекин на договорите. Обвинуваат дека и покрај ветувањата, градоначалникот Борче Јовчески води селективен однос при изборот на лицата кои ќе продолжат со работниот ангажман во локалните институции и претпријатија.

– Во текот на изборната кампања како кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градочалник Борче Јовчески дека доколку биде избран нема да има партиски реваншизам во јавните установи и претпријатија. Јовчески како кандидат за градоначалник јавно истакна дека има чесни намери и нема да дозволи освета врз неистомисленици, дека нема да има прогон врз недолжни граѓани кои чесно си го заработуваа својот леб. За жал тоа биле празни флоскули искажани за потребите на неговата партиска кампања и неговото лажно промовирање како одговорен човек и политичар кој нема да ги дели граѓаните на подобни и неподобни. Вистинските одмазднички намери на новата локална власт на свој грб ги осетивме ние, дел од вработените во локалните институции кои бевме ангажирани на договор на дело, истакна Билјана Спироска поранешна вработена во Јавната општинска установа Детски градинки Наша иднина, која посочи дека оваа установа деновиве им ги откажала договорите на 16 привремено ангажирани како помошен технички персонал и не им ги продолжила договорите за работа.

Наводно, договорите во изминативе години им биле продолжувани на 6 и 3 месеци или од месец за месец, а средства имало од ресорното министерство за исплата до крајот на годинава. Од вкупно 31 ангажирани со договор, во прилепските градинки, не им бил продолжен анганжанот на 16 лица технички персонал, а на останатите ќе им завршеле договорите во декември.

Спиркоска не беше сигурна за точниот број лица од останатите јавни претприја и установи, но истакна дека договори за времено ангажирање не биле продолжени и на работници во Комуналец, Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, во оддел Паркинзи, како и во Локалната самоуправа и во ТППЕ Прилеп.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: