ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп: Tел.број за матичните стоматолози да најават пациенти во ИСП

1.145

Приватните стоматолошки ординации нема да работат, односно периодов се ставаат во мирување, а ќе се активираат како ресурси во системот доколку има потреба. Министерството за здравство ги задолжи здравствените домови во целата држава да отворат стоматолошки пунктови, но само за болка што не се трпи. Согласно препораките на Министерството за здравство, од денеска ќе функционира тел. број на кој што матичните стоматолози ќе ги најавуваат пациентите само за итни случаеви со неколкудневна забоболка, акутна инфекција или пак крварења.

Во Прилеп матичните стоматолози треба да се јавуваат на тел. број 076 789 661 на кој што ќе ги најават пациентите по претходно направена анамнеза за итноста на интервенцијата. Директорот на Здравствен дом Прилеп Оливера Аџиоска тел. број го објави на социјалните мрежи:

 

Olivera Adzioska

2 hours ago

076 789 661 …. Ova e noviot telefonski broj na koj ke kontaktiraat maticnite stomatolozi za pacientite koi treba da gi najavat vo Sluzbata za ISP vo Prilep , sprema preporakite od Ministerstvoto

 

Од денеска службата на ИСП во Прилеп работи во 2 смени, согласно наредбата од Министерството за здравство и тоа прва смена од 8 до 14 часот и втора од 14 до 20 часот.
Ноќната смена поради вонредната состојба и полицискиот час засега е укината.

Но, потребно е матичните стоматолози да соработуваат со своите пациенти, и покрај тоа што ординациите се затворени. До нашата редакција стигнаа реакции дека некои од стоматолозите не се јавуваат на нивните тел. броеви за консултации и за евентуална помош при итни случаи кога треба да се закаже термин во Итната стоматолошка помош во Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: