ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Што изработија учениците на тема „Мирисот на тутунот кој ги обојува детските игри“ (ГАЛЕРИЈА)

656

Во основното училиште Манчу Матак Кривогаштани беа доделени наградите од конкурсот на тема „Мирисот на тутунот кој ги обојува детските игри“.
Можеа да се видат: селски двор каде се поделени обврските, родителите работат, а децата играат на спортско игралиште; иновативни алатки и машини за олеснување на обработката на тутун;спортски реквизити од рециклиран материјал и друго.
Децата на возраст од 6 до 14 години, од општинските основните училишта ООУ„Страшо Пинџур“ Мало Коњари од Општина Прилеп и ООУ„Никола Карев“ од Општина Крушево, и ООУ„Манчу Матак“ и ООУ„Јонче Смугрески“ Обршани на територијата на Општина Кривогаштани се натпреваруваа во тимови за изработка на уметнички дела/творби од рециклирачки отпад.
– Вклучени беа 384 ученици од 4 те централни основни училишта, а 122 се наградени, вели Димче Митрески од МЦМС.
Наградите за најдобрите се состојат во едукативен и училишен прибор. Учениците со своите наставници и родители со изработката на творбите ја пренесоа пораката за – децата да останат надвор од работата при одгледувањето тутун. На изложбата беа претставени творбите на учениците создадени од рециклирани материјали кои се користат во примарното тутунско производство.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: