ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Научија и направија интересни радио прилози!

427

Oд работилницата на тема  „Бидете сигурни дека ги препознавате лажните вести“, која се одржа  во  ОУ „Страшо Пинџур“ с. Мало Коњари,  каде учениците – учесници учеа како да се справуваат со лажните вести, што е вистина, што е лага , како и тоа, дека информацијата мора да биде кажана од релевантен извор, за да нема манипулации при известувањето,  20 ученици ,  распределени во  групи, изготвија четири радио прилози.

Тие ги определија соговорниците, тие  ги водеа разговорите, учествуваа во монтажата на радио прилозите. Нивните приказни, водителите од емисијата „Од млади за млади“  ги поставија во етер.

Еден од соговорниците беше педагогот на училиштето. „Која е улогата на педагогот? „ , „Како тој им помага на учениците?“, “Што всушност е неговата работа?“  – се интересираа учениците – учесници во работилницата „Бидете сигурни дека ги препознавате лажните вести“ и направија одличен радио прилог. Интервјуто со педагогот Менче Петреска, од ОУ „Страшо Пинџур“ од с.Мало Коњари го подготвија учениците Марија, Михаела и Лидија.

Следната група ученици, како соговорник го избраа новинарот Гордана Цветаноска, која некогаш учеше во истото основно училиште како и тие.  Предизвик на учениците беше токму нејзината професија и развој: „Како од ученик во училиште од рурална средина станала новинар , професионалец и успешна во својата професија?“,  „ Какво е чувството да се биде повторно во истите клупи , но овој пат како новинар ?“ „Дали училиштето е променето од некогаш и сега?’“ прашаа учениците  учесници во работлница ,  Ивона и Анастасија, кои направаија интересен  прилог

Радио прлозите беа емитувани на 21-ри  декември во емисијата „Од Млади за млади “, која ја водеше водителот, Михаела Петреска, а Радио Пела, пеку стриминг, ја емитуваше во живо на социјалните мрежи

https://www.facebook.com/radiopela/videos/452721155671778/

 

Сниманите  разговори во емисијата „Од млади за млади„ на Радио Пела се во рамките на проектот „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан“ кој го спровeдува Македонскиот институт за медиуми и Албани асошиејтс, заедно со регионални организации за развој на медиумите. Проектот е финансиран од Британската влада.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: