ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Швајцарската донацијата на респиратори се распределува во македонските болници

745

Медицинската опрема е наменета за 8 болници во Македонија: Битола, Делчево, Струмица, Гевгелија, Велес, Кавадарци, Кичево и Охрид. Неинвазивни респиратори за македонското здравство, кој ги обезбеди прилепчанецот, Дејан Аџиоски, кој живее во Швајцарија, пристигнаа во Македонија, во ОО на Црвениот Крст во Делчево, од каде е и распределувњето во болниците, со оглед на тоа што лицата, д-р Билјана Горѓиевска и д-р Дејан Златокоски се обучени, имаат искуство со оваа медицинска опрема и со чија помош и мониторинг се одвива целиот овој процес на распределба на донацијата и нивно монтирање и употрреба во болниците за кои се намнети. Моментно станува збор за 10 респиратори, а се очекуваат уште 30 -тина.

Донацијата е вредна 350 илијади евра и е обезбедени преку фирмата BCD Microtechnique“ на Седрик Пахум, која е и произведител на респиратори. Веќе неколку месеци се чекаше да се соберат финасиски средства за транспорт и царина на оваа опрема, „за деновиве дијаспораат да ги собере потребните 10 илијади евра за транспорт и 1000 евра финансиска поддршка и помош од  фимра во Македонија, и опремата да се најде во Македонија„ ,вели Аџиоски, кој ни ја пренесува информацијата за оваа донација.

Инаку, прилепчанецот Дејан Аџиоски потенцира дека подготвува уште една донација на медицинска опрема која треба да биде намнета за болниците во Прилеп , Крушево, Демир Хисар и Битола. Но, доколку има можност, би обезбедил донации и за другите болници во Македонија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе