ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Смилеска: Над 33 илјади примиле барем прва доза вакцина во прилепскиот регион (ВИДЕО)

817

Вакциналниот пункт во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп вчера и денеска ја достигна максималнита проектирана бројка од по 1 илјада вакцини дневно, број кој што беше предвиден со оглед на капацитетот. Од нив, поголемиот интерес бил за прва доза на вакцина.  Зголемениот интерес за имунизација кај граѓаните се должи пред се’ на зголемената свест за заштита на здравјето, но и поради донесените нови мерки за справување со четвртиот бран од Ковид 19, вели Кети Смилеска, директор на Општата болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп. Три видови на вакцини се во моментов достапни Фајзер, Синовак и Астра Зенека, при што граѓаните можат да одберат со која би се имунизирале.

„Горда сум на нашите прилепчани кои го прифатија овој предизвик, знам дека има одредени критички настроени граѓани, очекувано е, заради тоа што денес им се достапни различни информации, и секој има право на свое размислување, но минорни се во нашиот град, бидејќи антиваксерската кампања не влијае многу. Во текот на изминатите 2 дена по 470 граѓани дневно примија прва доза вакцина, а останатите втора доза вакцина“, рече Смилеска во емисијата Одговорност и одговори во програмата „Радио што се гледа“. Сликата за тоа како се одвива имунизацијата овие 2 дена пред вакциналниот пункт не е иста со текот на вакцинацијата во пуктот, зашто во затворениот простор не се чека и се’ се одвива според однапред предвидениот протокол, вели таа, додавајќи дека има 12 пунктови, кои во зависност од медицинскиот персонал кој што е на располагање од 7 до 10 функционираат, 4 за прием, или толку пунктови колку што кадарот може да опслужи.

Работното време на вакциналниот пункт е флексибилно, заради тоа што во тек е теренската вакцинација, а паралелно со тоа и вакцинирање во домашни услови. Што се однесува на теренската вакцинација, пак, Смилеска вели дека во тек е оваа активност, граѓаните примаат втора доза, а додека оние што примаат прва доза, втората ќе ја примат во вакциналниот пункт во Прилеп.

„Граѓаните кои од денеска натаму ќе ја примат првата доза вакцина во населеното место при теренска вакцинација, втората доза ќе мора да ја примат во вакциналниот пункт во Прилеп и да не очекуваат дека екипите повторно ќе се вратат“, рече Смилеска.  

Што се однесува до вакцинацијата во домашни услови, за граѓаните кои не се во можност да дојдат во пунктот  таа се одвива непречено по претходна пријава. Целиот разговор проследете го на следниот линк:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: