ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Со швајцарска помош, вело патеки за развој на планинско Крушево

903

Во Крушево се одбележеа Светскиот ден на туризмотм 25 и 26 Септември. По тој повод заменик амбасадорот на Швајцарија Н.Е. Лусиен Агертер, директорот на Агенцијата за промоција Љупчо Јаневски и прставници од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост „ИМЕ“ го посетија Крушево.

Имаа средба со Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, локални преставници од сместувачките капацитети, велосипедската заедница во Македонија и претставници од тур операторите. На средбата се разговараште за предходните и сегашните активности за развој на активниот туризам во Крушево.

„ Крушево има уште многу неискористен потенцијал и затоа продолжуваме да вложуваме во овој сектор.“ – изјави градоначалникот Христоски.

На средбата пред велосипедистите вљубеници во планинскиот велосипедизам, се дискутираше и за потенцијалите на Крушево да прерасне и да се промовира во вело-туристичка дестинација и беше најавена новата иницијативво во тој дел, изградба на вело патеки.

Во наредниот период, експерти од Швајцарија ќе обезбедат поддршка во трасирање висококвалитетни рути за планински велосипедизам и со тоа Крушево може да стане топ велосипедска дестинација. Се надеваме дека ова ќе придонесе за што поголем број професионални велосипедисти, но и туристи кои сакаат активен одмор да го истражуваат Крушево и околината на велосипед.“ – изјави Тања Георгиевска, претставник на Швајцарската програма ИМЕ.

Чест ни е што по повод Светкиот ден на туризмот го посетивме Крушево за да посведочиме за огромниот потенцијал што Крушево, но и цела Пелагонија- рече при оваа прилика заменик амасадорот

Швајцарија го поддржува развојот на активниот туризам во Крушево уште од 2014 година. Отворањето на Инфо-центарот за активен туризам, подобрена безбедност при параглајдинг и поддршка за фестивалот „When in X“, се само дел од иницијативите кои имаат придонесено за зголемен број туристи преку целата година во Крушево, со што се придонесува и за зајакнување на локалната економија“, нагласи заменик амбасадорот на Швајцарија, Аегертер.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: