ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Советот одлучи: две крушевски училишта се доопремуваат за дигитализацијата

524

Советот на општина Крушево на својата редовна 70-та седница донесе одлуки за доделување на средства за набавка на дигитални алатки на основните училишта во општината. Според одлуките, надополнувањето на блок дотацијата на ООУ „Никола Карев“ изнесува 700 000 денари, додека за ООУ „ Св. Кирил и Методиј“ во с. Бучин изнесува 300 000 денари. Со овие средства ќе се набават дигитални алатки и ќе се олесни и овозможи процесот на дигитализација и учење на овој начин.

Локалната самоуправа за процесот на дигитализација, презеде обврски новиот начин на работа за учениците од општина Крушево да биде полесен и училиштата да ја започнат новата учебна година со соодветна опременост.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: